Повеќе од 130 луѓе заболени од коронавирус се излечени, изјави постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации, Џанг Џун.
Изгубивме многу животи, но во исто време спасивме повеќе од 130 луѓе кои се излекуваа – рече Џун пред новинарите во Обединетите нации, пренесува ТАСС.
Тој рече дека е многу важно што типот на вирус е идентификуван и што може да се разликува од другите.
Борбата со вирусот и спречувањето на негово ширење остануваат главни приоритети за Кина. Сигурни сме дека можеме да го победиме – рече тој.
Тој исто така рече дека е потребна меѓународна соработка во борбата против новиот коронавирус 2019-nCoV, но и напомена дека Кина ги повикува сите да се воздржат од претерување за тежината на ситуацијата, наведувајќи дека може да се слушнат неодговорни коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.