Повеќе од 100 смртни случаи во северозападниот дел на САД биле поврзани со топлотниот бран, соопштија денеска официјални лица од американските држави Орегон и Вашингтон, како и канадска Британска Колумбија.
Официјалните лица од Орегон соопштија дека најмалку 63 лица во таа држава починале поради екстремно високите температури.
Портланд и Сиетл забележале рекордно високи температури од дури 46 степени Целзиусови.
Во Ванкувер, Канада, полицијата соопштила дека од петокот биле регистрирани најмалку 65 ненадејни смртни случаи. Властите предупредуваат дека бројот на жртви може да биде уште поголем, објави Гласот на Америка.
Градот Лејтон, Британска Колумбија, ја забележал највисоката температура некогаш измерена во Канада од 47,9 степени Целзиусови.
Метеоролошката организација на ООН соопштила дека екстремната топлина е предизвикана од „атмосферската блокада“ и дека температурите оваа недела веројатно ќе бидат највисоки на крајбрежјето, а потоа ќе се преселат во внатрешноста на Британска Колумбија и подоцна на исток кон Алберта.
Екстремните температури го зголемиле и стравот од пожари, а американскиот претседател Џо Бајден ветил дека сушните области ќе добијат поголема помош од сојузната влада поради опасност од пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.