Повеќе од 100 луѓе се повредени во Јапонија по земјотресот од 7,3 степени во покраината Фукушима, кој остави без струја милион домаќинства, а дел и без вода и предизвикал прекин на желизничкиот сообраќај поради оштетување на пругата.

Испукани се ѕидови, искршени многу прозори, а се појавило лизгање на земјиштето во Фукошима, подрачје кое е најблиску до епицентарот. Тресењето најмногу се почуствувало во Токио, кој е одалечен повеќе од 200 километри.

Меѓу повредените има лица кои се здобиле со скршеници, но не биле забележани смртни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.