Повлекувањето на гас од подземните складишта во Европа во ноември достигна второ највисоко ниво од 2011 година, покажуваат податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ).
Потрошувачката на гас од складиштата во Европа во ноември изнесувала околу 11,68 милијарди кубни метри. Ова е втор врв од 2011 година, а првиот беше во 2016 година, кога од европските складишта за гас беа повлечени 11,78 милијарди кубни метри.
Според тоа, вкупното полнење на европските складишта на крајот на претходниот месец се намалило на 68,05 проценти и сега изнесува околу 73,46 милијарди кубни метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.