Просечно потребни се пет дена за луѓето да почнат да покажуваат симптоми од коронавирусот, потврдија научниците, пренесува Би-Би-Си.
Ковид-19, кој може да предизвика покачена температура, кашлица и проблеми со дишењето, се шири низ светот и веќе заболи повеќе од 111.000 луѓе.
Тим на САД анализираше познати случаи од Кина и други земји за да откријат повеќе за болеста. Тие открија дека повеќето луѓе ги развиваат симптомите за околу пет дена. Кај секој човек кој нема симптоми до дванаесеттиот ден не е веројатно дека тие ќе се покажат, но сепак можат да бидат носители на заразата.
Научниците исто така препорачуваат на луѓето кои можеби се заразени – без разлика дали имаат симптоми или не – да се изолираат за 14 дена, за да избегнат ширење на заразата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.