Џесинда Ардерн, премиерката на Нов Зеланд изјави дека човекот кој уби 50 луѓе во две џамии нема да го постигне тоа што го сакал, бидејќи неговото име никогаш нема да биде изговорено, тој ќе остане „безимен“.

Како што пренесува „Си-ен-ен“, тој сакал само една работа, а тоа е да остане запаметенн како најозогласен расист кој убил 50 лица во напад на две џамии во Нов Зеланд, но за премиерката тој секогаш ќе биде безимен.

Никогаш нема да ме чуете како го изговарам неговото име. Тој е терорист, криминалец, екстремист, но секогаш кога ќе зборувам за него, тој ќе остане безимен. Затоа, ве преколнувам, изговарајте ги имињата на оние лица кои ги загубивме, а не името на тој што ни ги одзеде луѓето. Можеби сакаше да стане познат, но ние во Нов Зеланд нема да го дозволиме тоа – изјави Ардерн во парламентот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.