Бројот на новите случаи на корон авирус, регистрирани низ светот за седум дена се зголемил за дури четири милиони во однос на претходната недела, најмногу во Северна и Јужна Америка.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот меѓу 30 ноември и 6 декември вкупно се потврдени 3.970.427 новозаразени и 73.396 смртни случаи како последица на корона вирусот.
Половина од регистрираните случаи се забележани во Северна и Јужна Америка, додека во Европа стапката на заразеност се уште е висока, но бројот на починати се намалува втора недела по ред.
Повеќе од 1.840.000 новозаразени и 28.000 смртни случаи биле пријавени во периодот од 30 ноември до 6 декември во Северна и Јужна Америка, а во Европа за истиот период околу 1.450.000 нови инфицирани и над 19.000 починати.
Во Југоисточна Азија, овие бројки се пониски, со потврдени 332.000 нови случаи и 5.000 починати.
Кога станува збор за државите, бројот на нови случаи во последните седум дена во САД е над 1.250.000, потоа во Бразил 295.000, во Индија 251.000, во Русија 191.000, во Италија повеќе од 145.000 и во Германија над 128.000.
Инфекцијата со корона вирусот се забрзува и во Велика Британија, каде има повеќе од 100.000 нови случаи за седум дена, 93.000 во Иран и 80.000 во Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.