Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе има состанок со британскиот премиер Борис Џонсон, во нејзината последна официјална посета на Велика Британија.
Меркел, која подоцна годинава ќе се повлече од функцијата по 16 години, со Џонсон ќе разговара околу Ковид-19 рестрикциите поврзани со патувањето и пост-Брегзит состојбата на Британија.
Меркел потоа ќе се сретне и со кралицата Елизабета Втора во Виндзор.
Канцеларката најави план да забрани влез на сите британски патници во ЕУ поради високите бројки на делта варијантата во Британија, додека од Џонсон се очекува да ги соопшти најновите мерки за населението, како и за меѓународните патувања.
Во пресрет на средбата, Џонсон изјави дека Британија и Германија имаат стабилен однос и имаат еднакви погледи на многу спорови.
Во изминативе 16 години канцеларката Меркел ги обнови и засили односите меѓу Британија и Германија, кои спремно ќе влезат во новата ера. Заедно ќе се обидеме да оставиме добро наследство за идните генерации – порача Џонсон.
Ова е 22 посета на Меркел на Обединетото Кралство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.