Пожар во западна Канада, кој избувна среде бран на рекордни горештини, ги принуди властите да наложат евакуација на жителите на Литон, мало гратче во провинцијата Британска Колумбија, каде три дена по ред беа рушени рекордите на температурите.

Градоначалникот на Литон, Јан Полдерман издаде наредба за евакуација и предупреди на Твитер дека пожарот ја загрозува безбедноста на жителите и објектите во овој град со 250 жители, на 153 километри северо-источно од Ванкувер, пренесува АП.

– На сите жители на Литон им се препорачува да ги напуштат своите домови и да заминат на безбедно место. Гори целиот град, гори целото место. Само 15 минути откако чадот одеднаш се појави, насекаде имаше пожар, рече Полдерман, а малку подоцна во интервју за мрежата ЦБС, тој повтори дека „ситуацијата е тешка“.

Патиштата што водат северно и јужно од Литон се затворени, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.