Браната „Три клисури“ во кинеската провинција Хубеи, најголема во светот, го достигна максимумот и сега е на само 11 метри од критичната точка, објавија локалните медиуми. Причина за ова се поројните дождови и прелевањето на реката Јангце.

Кинескиот град Вухан, кадешто за прв пат беше објавена епидемијата на коронавирус, како и три друфи провинции, во петокот објавија тревога поради обилните дождови. Вухан се наоѓа на бреговите на Јангце.

„Гардијан“ извести дека властите на централна Кина разнеле брана на реката Чу во провинцијата Анхуи, која е притока на Јангце, со цел да се ослободи дотечената вода. Уништувањето на браните за да се ослободи вода е екстремна мерка што беше примента во Кина за време на големите поплави во 1998 година, кога загинаа над 2.000 луѓе, а беа уништени скоро 3 милиони куќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.