Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса (71) вчера им се обрати на новинарите од терасата на првиот кат на својата куќа и порача дека ќе остане во самоизолација во наредните две недели, ако тестирањето покажа дека е негативен на коронавирус.

Тој рече дека со тоа им дава пример на граѓаните на Португалија, пренесува Ројтерс.

Тестот беше негативен. Ќе продолжам да работам од дома иако сум негативен, во наредните 15 години. Сака да бидам пример – рече Соуса.

Де Соуса, кој е познат како личност која сака да посетува јавни собири и да се слика со граѓаните, тестиран е во текот на вчерашниот ден, по што неговиот кабинет објави дека ги откажал сите јавни собири и службени патувања во странство и дека ќе работи од дома.

Тој ја донесе таа одлука по посетата на една група ученици на претседателството, после што е утврдено дека еден од учениците на тоа училиште не бил во посета бидејќи имал коронавирус.

Во Португалија од коронавирус се заболени 35 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.