Американската прва дама Меланија Трамп денеска објави дека нејзината портпаролка Стефани Гришам ќе биде новата прес секретарка на Белата куќа.

Гришам, која е заедно со семејството Трамп од 2015 година, исто така, ќе ја преземе и должноста директорка за комуникации.

Не можам да замислам личност која подобро ќе служи на американската администрација и на нашата земја”, напиша на Меланија Трамп на Твитер.

Гришам доаѓа на местото на Сара Сандерс, која ќе ја напушти функцијата до крајот на месецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.