Неколку дена откако стана портпаролка на Белата куќа, Стефани Гришам го придружуваше претседателот Доналд Трамп на пат во Азија.
Трамп историската средба со Ким ја одржа во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи, а Гришам, за жал, заработила неколку модринки.
Дошло до туркање на севернокорејските телохранители и репортерите кои сакале да му се приближат на Трамп и Ким и да го засведочат моментот на ракување.
Тогаш обезбедувањето реагирало и на портпаролката на Трамп која се обидувала да им помогне на американските новинари да ја добијат најдобрата позиција од која ќе ја направат историската фотографија.
Во преносот во живо можеше да се чуе како сите се туркаат и Гришам која им дава упатства на новинарите.
Сето тоа можеа да го видат граѓаните ширум светот кои го следеа ова случување.
„Хаотични сцени од демилитаризираната зона. Фотографката од АП, вика по азиските репортери да се тргнат, Карлсон мирно снима, а Ханан Сален трча наоколу. Трамп се обидува да изгледа достоинствено“.
„Врвот на “лудилото“ е обезбедувањето кое беше претерано затоа што понекогаш и севернокорејските сили се обидуваа да ги блокираат американските новинари. Новата портпаролка даде сè од себе за американските новинари да влезат во Куќата на слободата каде што беа Трамп и Ким, а притоа заработи и модрици“ – напишала некоја новинарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.