Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со корона вирус. Поради тоа таа не го придружуваше во Европа на самитот на Г-20 во Рим.
Бајден ќе пристигне во Глазгов на самитот на ОН за климата. Портпаролката го откажала своето патување откако дознала дека членовите на нејзиното домаќинство биле позитивни на корона вирус, објавија американските медиуми.
Оттогаш сум во карантин и во среда, четврток, петок и сабота имав негативни тестови. Денеска, сепак, бев позитивна на тестот – изјави Псаки.
Таа додаде дека нејзиниот последен контакт со претседателот Бајден бил во вторникот, кога двајцата на растојание од повеќе од 1,8 метри и со маски. Според извори на американски медиуми, Бајден (78) се тестирал во вторникот и имал негативни резултати од ПЦР тест.
Псаки била вакцинирана со две дози вакцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.