Цената на нафтата скокнаа на меѓународните пазари на 63 долари, откако Саудиска Арабија најави дека ќе го намали производството повеќе од договореното.
На лондонскиот пазар цената за барел нафта порасна на 1,17 долари во однос на претходното затворање и изнесува 62,68 долари. На американскиот пазар барел се тргува по 89 центи повисока цена, од 53,30 долари.
Вишокот во снабдувањето се топи благодарение на доброволното намалување на производството кое го спроведува Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и групата независни произведувачи, предводена од Русија.
Нивниот договор стапи на сила почетокот на годинава, а се предвидува намалување на производството за вкупно 1,2 милиони барели дневно. Водечката светска извозничка на нафта, Саудиска Арабија, најави дека во март ќе го намали производството на сирова нафта на околу 9,8 милиони барели дневно, со што ќе го надмине планот за повеќе од половина милион барели дневно.
Пекинг и Вашингтон се обидуваат да постигнат договор пред 1 март, кога САД треба да ги зголемат царините на увоз на кинеска стока. Ако не успеат, американските царини на 200 милијарди долари кинески увоз, би требало да пораснат од 10 на 25 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.