Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, предложи Украина да се приклучи на воената алијанса без териториите окупирани од Русија, бидејќи, како што рече, делумното членство на Украина ќе испрати порака до Русија дека не може да ја спречи земјата да влезе во НАТО.
Расмусен, дански политичар кој беше генерален секретар на НАТО од 2009 до 2014 година, инсистира на тоа дека планот на Украина за делумно членство нема да симболизира замрзнување на конфликтот, туку наместо тоа ќе биде израз на решителност дека Русија не може да ја спречи Украина да се приклучи на западната воена алијанса, пренесува „Гардијан“.
Расмусен рече дека прашањето за членството на Украина во НАТО не може повторно да се одложи за следните години.
Дојде време да го направиме следниот чекор и да ја поканиме Украина да се приклучи кон НАТО. Ни треба нова европска безбедносна архитектура во која Украина е во срцето на НАТО. Исклучувањето на територијата што ја држи Русија од НАТО ќе ја намали опасноста од конфликт меѓу Русија и Алијансата, истакна Расмусен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.