Пакистанскиот Врховен суд го осуди поранешниот претседател Первез Мушараф на смртна казна, во големиот судски процес за велепредавство и суспензија на Уставот во 2007 година, пренесуваат светските медиуми.
На Мушараф, кој со земјата владееше од 1999 година до 2008 година, му се судеше во отсуство бидејќи пред неколку години го напушти Пакистан поради лекување во странство и пресудата ја дочека во тешка здравствена состојба во болницата во Дубаи.
Од болничкиот кревет тој порача дека судењето не било фер бидејќи се воделео без негово присуство, но и заради тоа што тој и служел на својата земја „чесно“. Снимката на Мушараф на објавија пакистанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.