Поранешниот претседател на Европскиот Совет Доналд Туск повика на бојкот на претстојните претседателски избори во неговата земја Полска, велејќи дека гласање преку пошта, како што предложи полската Влада за да се намали ризикот по здравјето на гласачите во време на корона пандемијата, нема да биде во согласност со стандардите потребни за слободни, фер и транспарентни избори.

Туск, кој беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, испрати твитер видео порака во која рече дека „нема да учествува во гласањето“ на 10 мај. Рече дека изборите кои ги промовира владејачката десничарска партија „немаат врска со вистински избори“.

Полската владејачката партија Право и Правда бара изборите да се одржат на денот кога беа планирани, со воведување на безбедно гласање преку пошта. Право и Правда го поддржува актуелниот претседател Андреј Дуда, кој води во анкетите.

Кандидатката на центристичката Граѓанска Платформа, партија формирана од Туск, е Малгоржата Кидава Блонска, но и таа рече дека нема да учествува во гласањето.

И покрај решеноста на владејачката партија, гласањето сепак може да се одложи. Закон со кој ќе се овозможи гласање по пошта е предложен во полскиот Сенат, но можно е да не биде изгласан до 7 мај. Опозицијата и еден дел од Владата преговараат за одложување на изборите.

Европскиот Парламент и ОБСЕ исто така се изјаснија против гласање во време на пандемија. Полските бискупи од Католичката црква, кои се влијателни во земјата, упатија внимателно формулиран повик до Право и Правда и до опозициските партии во кој ги повикаа да „бараат решение преку дијалог за да не дојде до правни сомнежи“ и да ги почитуваат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.