Поранешен чистач, незадоволен што не добил работа на неопределено, е напаѓачот кој со нож или чекан повредил 20 ученици во основно училиште во пекиншкиот кварт Синченг.
Чистачот во училиштето извесен период бил на пробна работа, а бил гневен поради тоа што не го минал пробниот период.
Нападот се случил денеска во 11.15 часот по локално време.
Локалната полиција преку кинеската социјална мрежа „Веибо“ објави дека тројцата најтешко ранети ученици се во стабилна состојба и дека не се во животна опасност.
На интернет беше објавено видео од состанокот на училишниот персонал и родителите на учениците, на кој на родителите им било кажано дека нападот бил извршен од страна на вработен во училиштето.
Засега не е познато како е извршен нападот, но се споменува дека како оружје биле користени чекан или нож.
Очевидец од местото на настанот изјавил оти полицијата го зголемила обезбедувањето околу пекиншката детска болница каде што се сместени повредените ученици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.