Американската армија отпушти и суспендира 14 високи офицери и нареди промена на политиката по сеопфатната независна истрага за сексуално вознемирување и насилство во базата „Форт Худ“, вклучувајќи и убиство на припадник на армијата на почетокот на оваа година.

Секретарот за одбрана, Рајан Мекарти, на прес-конференција изјави дека независниот комитет за цивилна ревизија открил широко распространети проблеми во втората по големина воена инсталација во земјата, вклучувајќи ги и неуспесите во истрагата на злосторствата и недовербата во превенцијата на сексуалните злосторства, што довело до создавање средина на попустливост кон сексуални напади и вознемирување.

Мекартни изјави дека проблемите во „Форт Худ“, вклучително и неколку убиства и исчезнувања, како и поголемата стапка на криминал отколку во која било друга воена инсталација, се „директно поврзани со неуспехот на раководството“.

„Форт Худ“ се соочи со интензивен надзор по неколкуте неодамнешни инциденти, вклучувајќи ја и смртта на специјалистката Ванеса Гиљен, која во април беше убиена од друг војник. Нејзините остатоци во јуни беа пронајдени во плитка гробница.

Меѓу ослободените од должноста е и командантот на „Форт Худ“ во време на смртта на специјалисткката Жилиен, генерал-мајор Скот Л. Ефланд.

Армијата, исто така, го отпушти командниот кадар на единицата на убиената Гиљен, полковник Ралф Оверленд и постариот водник Бредли Кнап од Третиот коњички полк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.