Поради силното снежно невреме, голем број летови се откажани на поголемите аеродроми во источна Канада, вклучително и Монтреал, објави „Франс прес“.

Вкупно се откажани повеќе од 170 поаѓања и пристигнувања на аеродромите во Монтреал, Квебек, Отава и Торонто каде имаше снежните врнежи измешани со замрзнат дожд.

Врнежите од снег и замрзнат дожд доаѓаат откако Божиќ помина во Монтреал без снег, што се случува на секои пет години.

Во Монтреал, паднале само 13 см снег од почетокот на декември, а просекот за месецот е 49 см.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.