Францускиот производител на автомобили „Рено“ најави укинување на најмногу 2.000 инженерски и работни места во Франција, како дел од пренасочувањето кон производството на електрични автомобили. Раководството на фирмата наскоро ќе почне и преговори со синдикатите за нови планови.

Францускиот автомобилски гигант работи со загуба и претходно веќе најави намалување на бројот работни места во својата матична земја за околу 4.600 луѓе како дел од преструктурирањето. Како што најавија од компанијата, вкупно ќе отворат 500 нови работни места, откако ќе вработат 2.500 работници на други работни места.

Од комапнијата истакнуваат дека нивната цел е „да се создадат девет нови модели на автомобили“ во Франција.

Како конкуренцијата, така и „Рено“ се обидува да ја зголеми понудата на електрични автомобили, поради што ќе ангажираат работници во нови области, заради стручност во новите технологии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.