Повеќето европски земји, сепак, и натаму ги вакцинираат децата против заболувања како што се сипаници и детска парализа.

Европската унија денеска предупреди дека одлуката на некои европски земји да го одложат вакцинирањето на децата поради епидемијата на новиот коронавирус може да предизвика сериозни проблеми.

– Повеќе од јасно е дека ќе имаме луѓе, деца, кои не се вакцинирани – рече Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) Андреа Амон пред европратениците.

Според неа, повеќето европски земји и натаму ги вакцинираат децата против заболувања како што се сипаници и детска парализа.

Но, таа предупреди дека некои земји ги прекинале сите вакцинации за време на епидемијата.

Амон, сепак, не прецизираше за кои европски држави станува збор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.