Властите во Италија прогласија за лекари околу 10.000 студенти по медицина кои завршиле семестрално, но не ги положиле последните државни испити или не специјализирале.

Целта е да му се помогне на здравствениот систем во време кога од 21 февруари досега починале повеќе од 2.100 лица, а околу 28.000 се заразени.

Новите лекари ќе бидат упатени на поликлиниките за општа медицина и домовите за стари лица. Од овие места ќе бидат ослободени нивните поискусни колеги, кои ќе бидат испратени во одделите за интензивна нега.

Гаетано Манфреди, министер за високо образование, соопшти дека Владата ќе им овозможи на студентите кои годинава треба да станат дипломирани лекари да почнат со пракса осум до девет месеци пред нивните последни испити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.