Соочена со потешкотии и сериозен недостаток на вакцини, Канада одлучи самата да ги прозведува вакцините што и се потребни.
Како што соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо, Националниот истражувачки центар „Ројалмаунт“ во Монтреал ќе произведе милиони вакцини против Ковид-19, развиени од американската компанија „Новавакс“.
Комапнијата ги првршува клиничките испитувања за нејзината вакцина, но веќе ги достави досегашните податоци до канадското минситерство за здравство за регулаторно одобрување. канада има договор да купи 52 милиони дози од „Новавакс“ кога вакцината ќе биде одобрена за употреба.
Сепак, дозволата не се очекува во наредните недели, а производството се очекува да почне наесен годинава. Во земјата досега се одобрени само вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“.
Ова е голем чекор напред во добивањето вакцини за Канаѓаните направени во Канада. Потребен ни е најголем можен домашен капацитет за производство на вакцини. Нема да застанеме се додека секој Канаѓанец што сака вакцина не добие вакцина – изјави Трудо.
Минатото лето, Трудо обезбеди 98 милиони долари за Националниот совет за истражување на вакцини во државата.
Трудо посочи дека позаразните верзии на Ковид-19, што сега се засилуваат во Канада, значат дека ќе мора да се воведат строги правила во текот на следните неколку недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.