Рускиот претседател Владимир Путин соопшти денес дека месец април во Русија ќе биде неработен за да се сопре ширењето на пандемијата на коронавирусот, а платите за овој месец ќе бидат исплатени.

Решив да го продолжам режимот на неработни денови заклучно со 30 април“, кажа тој во телевизиското обраќање, додавајќи дека „платите ќе се исплатат“.

Мерката која во Русија стапи на сила на 28 март „овозможи да се добие време“ но „епидемијата сѐ уште не го достигна врвот во светот, па ни во нашата земја“, истакна рускиот претседател.

Истакнувајќи дека епидемијата има различни размери во одделните делови на Русија, дел од кои се сѐ уште нечепнати, Путин кажа дека покраинските гувернери можат да одлучуваат за тоа кои претпријатија ќе работат и кој степен на изолација ќе воведат за своите граѓани.

До крајот на неделата (покраинските гувернери) мора да утврдат посебен пакет превентивни мерки за своите региони, на здравствен, безбедносен, економски и инфраструктурен план – кажа Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.