Финската влада сериозно размислува да ги укине летовите од Скопје за Турку, градот во Финска каде што изминатиот период на вкупно три авионски лета над 40 патници имале позитивен тест на Ковид 19.
Како што известуваат финските медиуми, министерот за транспорт и врски Тимо Карака до владата ќе достави предлог да се суспендираат сите летови од Скопје.
Разгледуваме колку е флексибилна легислативата во вакви околности. Овој предлог ќе го доставам до владата и на седница ќе донесеме одлука. Се подготвуваме привремено да ја укинеме линијата меѓу Турку и Скопје. Сигурен сум дека можеме да изнајдеме некој транзициски период во кој Финците ќе се вратат дома – вели изјавил Карака за хелсиншкиот весник „Саномат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.