Поради аферата „Дизелгејт“ 470.000 Германци покренаа тужби против автомобилската компанија „Фолксваген“.

Станува збор за сопственици на возила купени по 1 ноември 2008 година, а користењето на спорниот софтвер за лажно прикажување на емисиите на издувни гасови беше откриено на 1 септември 2015 година.

„Фолксваген“ групацијата досега потроши околу 28 милијарди евра за санација на штетата, односно за плаќање казни, компензации и судски пресуди ширум светот.

Експертите се согласни дека судскиот процес во Германија, поради комплексноста на случајот како и големиот број на тужби, би можел да трае четири години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.