Во Вануату е регистриран првиот случај на корона вирус од почетокот на пандемијата во светот.

Болеста е детектирана кај едно лице кое се вратило од САД. Тој имал позитивен тест додека бил во карантин.

Оваа мала Тихоокеанска држава беше една од ретките преостанати земји во светот што досега немаа заразени со корона вирусот.

Здравствените власти соопштија дека 23-годишниот маж немал никакви симптоми кога пристигнал од САД на 4 ноември и дека по пет дена бил рутински тестиран.

Властите соопштија дека ќе ги задржат во карантин преостанатите патници од летот со кој пристигнал и ќе ги следат контактите на заразеното лице, но дека нема потреба да се воведуваат други мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.