Стотици луѓе се евакуирани денеска од домовите и фармите во јужниот дел на Нов Зеланд поради поплави, соопштија властите.

Жителите на градовите Гор, Матаура и Виндхам беа предупредувани веднаш да ги напуштат своите домови поради реките кои се повеќе се полнат како резултат на обилните врнежи од дожд.

Евакуирани се и неколку стотици туристи од Милфорд Саунд откако поплавите и лизгањето на земјиштето ги прекинаа патиштата. Многумина од нив беа евакуирани со хеликоптер.

На југот на регионот, властите прогласија вонредна состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.