Американскиот државен секратар Мајк Помпео ги нарече „смешни“ и „апсурдни“ критиките за актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, дека не сакал да го признае поразот на претседателските избори одржани на 3 ноември.

Истовремено, Помпео истакна дека транзицијата на власта ќе мине без проблеми, но тоа ќе биде транзиција кон „втората администрација на Доналд Трамп“.

На прес-конференцијата во Стејт депарментот, Помпео прво изрази уверување дека актуелниот американски претседател на крајот ќе биде прогласен како победник на изборите.

Ќе ги изброиме сите гласови. Уверен сум дека светските членици се свесни дека станува за правен процес кој трае. Ние сме подготвени. Светот набљудува што се слувачува во САД. Ќе ги изброиме сите гласови. Кога овој процес ќе заврши, ќе бидат познати електорските гласови. Постои процес, а Уставот јасно го одредува. Светот треба да биде сигурен дека ќе биде успешна транзицијата што е потребна потребна Стејт департментот да биде ефикасно оперативен денес и ефикасно оперативан со претседателот кој на 20 јануари ќе стапи на должноста – порача Помпео.

Тој додаде дека тој и неговите подредени ќе бидат подготвени и без проблем ќе ги пренесат овластувањата евентуално и на тимот на кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден.

Ова министерство целосно е посветено да гарантира дека изборите ширум светот се сигурни, слободни и праведни и функционерите на Стејт департментот ги изложуваат своите животи тоа да го обезбедат – изјави Помпео оценувајќи го за „смешно“ прашањето дека ставот на Трамп ги поткопува тие напори.

На државниот секретар му беше поставено и прашањето кога очекува да заврши процесот што го спомена, јасно алудирајќи на поднесените тужби за масовни изборни нерегуларности од страна на кампањата на претеседателот Трамп.

„Дојдов тука и зборував за важни прашања поврзани со надворешната политика“ – првично ја прекина Помпео новинарката што му го поставуваше прашањето, но подоцна остави да го заврши прашањето.

Тоа е најважното нешто што се случува во земјата во моменов. Ме интересира какви упатства им давата на дипломатите за тоа како да ги карактеризираат резултатите од претседателските избори? Стејт департментот често распространува соопштенија со повици за чесни и праведни избори во странство, а губитниците на тие избори ги повикува да ги прифатат резултатите. Дали одбивањето на претседателот Трамп да го признае поразот не ги дискредитира овие напори (на Стејт департментот)? – праша новинарката.

 

Тоа е смешно. И самите знаете дека тоа е смешно. Го поставивте прашањето затоа што знаете дека е смешно (…). Стејт департментот е многу загрижен за осигурувањето изборите ширум светот да бидат безбедни, слободни и праведни (…). Во однос на конкретни избори ние работиме на утврдување на фактите (…) за навистина да откриеме дали објавениот резултат ја одразува волјата на народото. Сакаме да се пребории секој глас таму, но на ист начин очекуваме да се преброи и секој глас тука во САД – одговори Помпео.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.