Државниот секретар на Соединетите држави Мајк Помпео во четвртокот изјави дека кинескиот „Народен дневник“, официјалниот весник на Централниот комитет на Комунистичката партија на земјата, одбива да објави мислење од американскиот амбасадор, пренесува Ројтерс.
Одговорот на „Народен дневник“ уште еднаш го разоткрива стравот на кинеската комунистичка партија од слобода на говорот и сериозната интелектуална дебата – како и лицемерието на Пекинг кога се жали на недостаток на фер и реципрочен третман во другите земји, се вели во изјавата на Помпео.
Односот помеѓу Вашинтон и Пекинг значително се влоши за време на претседателството на Доналд Трамп, при што обете страни меѓусебно се обвинија за нефер однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.