Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Во неговата изјава, која денеска ја објави Стејт департментот, Помпео потенцира дека усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на земјата кон членство во Алијансата, јави Гласот на Америка.

Силно ја поддржуваме определбата на Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО, се вели во изјавата на Помпео.

Американскиот Сенат вечерва со 91 глас „за“ и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

САД се 25-тата членка на НАТО од вкупно 29, што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.