Нова експлозија во супермаркет ја потресе Холандија.

Ова е трета експлозија во холандски супермаркет во последните два дена. Денеска е тешко оштетен марект во холандскиот град Бевервик во близина на Амстердам, додека во текот на вчерашниот ден имаше експлозии во градовите Алсмер и Хесвијк Динтер.

Никој не е повреден во денешната експлозија, а холандските медиуми наведуваат дека продавницата била во сопственост на истиот синџир маркети, како и супермаркетите оштетени во вчерашните експлозии. Станува збор за полскиот бренд супермаркети „Биедронка“.

Во тек е истрага за инцидентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.