Полското Министерство за надворешни работи ја оцени одлуката на Русија да протера пет полски дипломати како агресивна акција насочена кон разгорување на односите со соседите.
Од Министерството додадоа дека го задржуваат правото соодветно да реагираат.
Одлуката на руската страна е уште еден пример за агресивна политика и намерен гест чија цел е раздвижување и нарушување на односите со целата меѓународна заедница – соопштија од полското МНР на својата веб-страница.
Руското Министерство за надворешни работи претходно прогласи пет лица вработени во полската Амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.