Од денеска до 17 јануари, поради пандемијата, во Полска е воведен национален карантин со задолжителни строги санитарни мерки, отворени се само продавници со основни потреби и намирници, додека хотелите се затворени дури и за можни службени патувања.
Од 28 декември до 17 јануари, секој што влегува во Полска со авион, автобус или воз мора да биде во карантин 10 дена. Деца на возраст под 16 години можат да излегуваат надвор само во придружба на возрасни, а во куќи и станови можат да се соберат најмногу пет лица.
Во декретот за воведување на национален карантин, владата исто така предвиде забрана за пречек на новогодишната ноќ на отворено и воведе полициски час од 19 до 6 часот наутро на 31 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.