Полска ќе мора да плаќа дневна казна од 500.000 евра на Европската комисија поради прекршување на претходна судска одлука за прекин на работа на рудникот за лигнит во Туров. Одлуката ја соопшти Судот на правдата на Европската Унија.

Полска, која е зависна од јаглен, е во конфликт со Чешката Република, која вели дека спорниот рудник ги оштетува заедниците преку границата.

Полска доби наредба да и плаќа на Европската комисија дневна казна од 500.000 евра за неуспехот да ги прекине активностите за ископ на лигнит во рудникот Туров. Таквата мерка изгледа неопходна за да се зголеми ефикасноста на привремените мерки преземени по наредба од 21 мај 2021 година – одлучи Европскиот суд на правдата.

Официјална Прага поднесе жалба до Европската комисија, која минатата година почна постапка против Полска, инсистирајќи на тоа дека Варшава го прекршила правото на ЕУ.

Чешка, исто така, поднесе тужба и до Судот на Европската Унија во Луксембург, највисок во Европа, и доби поддршка од судии за привремена забрана за Полска да ги суспендира активностите на Туров до конечната одлука.

Таа, исто така, побара дневна казна од пет милиони евра за Полска. Судот се согласи со барањето на Чешка, но определи многу помал износ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.