Повеќе од половина од заразените со Ковид-19, се заразиле од личност која што не покажувала симптоми на болеста, открива новото истражување, пренесуваат од „Daily Mail“.
Академците во Ирска прегледале 17 светски истражувања за да проценат како вирусот се пренесува во периодот кога луѓето не покажуваат никакви симптоми.
Тие заклучиле дека помеѓу 33 и 80 отсто од случаите биле луѓе кои што вирусот го добиле од некој друг човек кој што не знаел дека е заразен.
Во просек потребни се 6 дена пред личноста да развие некакви знаци на коронавирусот, вклучувајќи и сува кашлица и покачена телесна температура.
Сепак, пред појавата на симптомите, во периодот на инкубација, луѓето може да го пренесат вирусот на други луѓе.
Пренесувањето на вирусот најчесто се случува еден ден пред симптомите да започнат, но може да се случи и неколку дена претходно.
Токму контролирањето и ширењето на болеста во предсимптоматскиот период е клучно за сопирање на неговото ширење.
Ова зависи од успехот на контролирање на контактите што биле вклучени во идентификацијата на поединците кои што биле во близок контакт со потврдени случаи на Ковид-19.
Две истражувања од Вухан, а едно од Даблин, го проучувале периодот на инкубација на вирусот, за кој потврдиле дека трае 5.8 дена, со што се согласува и СЗО.
Тимот од Даблин потврдил дека поголемиот дел од пренесувањето на вирусот се случил во периодот од три дена пред почетокот на симптомите на истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.