Tајни снимки направени од страна на полски истражувачки новинари од групата „Супвервизор“ во кланица во полскиот регион Мазовија покажуваат како работници влечат болни и изнемоштени крави во кланица, зашто не можат да стојат на нозе. На снимката се гледа дека сево ова се одвива ноќе без приссуство на ветеринари кои би го потврдиле квалитетот на месото. Освен тоа, прикажано е и како работниците во кланицата ги отстрануваат доказите за заболување од труповите на кравите.
Сомнителното месо од Полска е извезено во Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Литванија, Португалија и Словачка, изјави главниот полски ветеринар, Павел Ниемчук.
Полска произведува околу 560.000 тони говедско месо годишно, од кое извезува меѓу 80 и 85 отсто.
Новинарот на комерцијалната телевизија Н24 помина три недели како вработен во кланицата во Калинов. Сними и објави вознемирувачки снимки од многу болни крави врзани со јаже околу вратот во кланицата кои едвај стојат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.