Полициските специјалци ставија крај на заложничката драма која се одвиваше синоќа во српскиот автобус „Ласта“ на автопатот А9 јужно од Нирнберг, Германија.
Осомничениот утрово е сослушан, изјави портпаролот на полицијата и прецизираше дека 30-годишникот „им се заканувал со смрт“ на патниците на туристичкиот автобус и „веројатно земал тројца возачи како заложници“.
До кавгата во автобусот на „Ласта“ кој се движел кон Србија, според полицијата, дошло во вторникот попладне. Осомничениот тврдел дека има пиштол и се заканувал дека „сите ќе ги убие“. Дошло и до физички судир со неколку патници, при што две лица се полесно повредени. Поради тоа, автобусот запрел на дел од автопатот меѓу Хилполтштајн и Грединг во покраината Баварија, а освен тројцата возачи, сите патници можеле да излезат.
Неколку десетици специјалци на единицата СЕК на германската полиција била ангажирани, и додека траела повеќечасовната блокада на автопатот во двете насоки, успеале да воспостават контакт со еден од возачите преку мобилен телефон. Агенцијата Ројтерс пренесе дека околу 21:25 часот се слушнале три детонации, но тоа не се наведува во полицискиот извештај.
Драмата конечно завршила неколку минути подоцна, а осомничениот е уапсен „без отпор“.
Полицијата засега не открива никакви дополнителни информации за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.