Полицијата во Холандија уапсила 70 луѓе откако трета ноќ по ред избувнаа нови немири за време на протестите за одлуката на владата за воведување полициски час.
Полицијата во Ротердам дури испукала неколку предупредувачки истрели и употребила солзавец.
Како што пишува „Ројтерс“, сепак, причините за вандализмот виден во Ротердам и Амстердам веќе не се толку јасни, особено што демонстрантите се тинејџери.
Немирите почнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против корона вирусот.
Против демонстрантите во Ротердам биле користени водени топови, додека во Харлем бил употребен солзавец за да се растера толпата.
Полицијата соопшти дека напишале и речиси 6.000 казни за кршење на забраната за движење во периодот од 21.00 до 4.30 часот.
Немирите на протестите од претходните денови во Холандија според многумина се најлошите сцени на насилство во таа земја во последните четири децении. Досега полицијата уапси околу 250 лица низ целата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.