Полициски час на национално ниво и други забрани со кои се сака да се сузбие ширењето на коронавирусот во Холандија ќе бидат продолжени за три седмици до крајот на април, соопшти во вторникот холандскиот премиер Марк Руте.те.

Растечкиот број на заразените и хоспитализираните знали дека краткоречно не може да се дојде до ублажување на мерките, изјави холандскиот премиер Мерк Руте на прес-конференција.

Бројот на пациентите заразени со коронавирусот на одделенијата за интензивна нега е во пораст. Третиот бран станува видлив. Поради тоа актуелниот пакет мерки се продолжува, се истакнува во соопштението на холандската влада.

Новите случиа на коронаинфекции се зголемиле за 16 отсто на повече од 46.000 во седумдевниот период до вторникот, што претставува најбрзата стапка на раст на новите зарази од средината на јануари, соопшти холандскиот Национален институт за јавно здравство.

Наметнувањето на првиот полициски час во Холандија од Втората светска војна, на 23-ти јануари, поттикна бројни протести ширум земјата. Баровите и рестораните во земјата се затворени веќе пет месеци, додека многу продавници имаат многу ограничени опции за услужување на клиентите. Јавните собири се забранети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.