Во Австрија од денеска стапува на сила полицискиот час кој ќе трае од 20 часот до пест часот наутро, согласно новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Од денеска од 20 часот можно е да се излезе од дома само ако постои опасност по живот, ако треба да му се пружи помош на некое лице, а во тоа спаѓа и шетањето на домашните миленици, поради работи или поради физичко и психичко заздравување.

Во следниот месец можно е дружење само со членовите на едно друго домаќинство.

На јавните места мора да се почитува физичката дистанца од најмалку еден метар. Маските мора да се носат во јавните затворени простории, во јавниот превоз, но и на станиците.

Австриската влада препорачува и работа од дома, но компаниите кои тоа не може да го спроведат мора да обезбедат физичка дистанца меѓу вработените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.