Осумдесет и тригодишна жена е примена во болница откако била повредена во сообраќајка во која бил вклучен полицаец на мотоцикл од безбедносната придружба на војводата и војвотката од Кембриџ.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон патувале од Лондон кон Виндзор кога била повредена жената.

Полицаецот бил пред поворката за да го расчисти сообраќајот кога удрил во жената која веднаш била префрлена во болница каде сега се наоѓа во сериозна, но стабилна состојба.

Од Кенсингтонската палата соопштија дека кралската двојка „е длабоко загрижена“ и дека е во контакт со жената.

Жената, идентификувана како Ајрин, била повредена на Апер Ричмонд Роуд во северозападен Лондон.

Кејт и Вилијам наводно ѝ испратиле букет цвеќиња со желби за побрзо закрепнување.

Лондонската полиција отвори истрага за несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.