Полицаец во Вашингтон застрелал Афроамериканец, соопшти локалната полиција, по што жителите се собраа на протест.

На местото на настанот е пронајдено огнено оружје – се вели во кусото соопштение на полицијата.

Шефот на локалната полиција Питер Њузам изјави дека пукањето се случило во близина на поморската база Анакостија во главниот град. Полицајците се приближиле до автомобил во кој седеле мажи за да извршат увид. Властите се посомневале дека се вооружени.

Во еден момент, осомничените скокнале од автомобилот и почнале да бегаат. Тогаш, еден од полицајците пукал кон мажот во бегство. Жртвата била пренесена во болница, каде што лекарите не можеле да му го спасат животот.

Сметаме дека осомничениот имал оружје – потенцираше Њузам.

На снимката од прес конференцијата може да се слушне неидентификувана жена како вели дека жртвата имала само 18 години и оти не бил вооружен. „Неприфатливо“, извикува таа кога Њузман завршува со изјавата.

Локалните медиуми известуваат дека граѓаните се протестираат пред полициската управа во градот и бараат одговори за пукањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.