Полицијата во Нов Зеланд соопшти објави дека застрелала маж кој повредил неколку луѓе во сериозен инцидент што се случил во трговски центар во Оукленд.

„Полицијата може да потврди дека маж влегол во супермаркет и повредил неколку луѓе. Полицијата го пронашла човекот и тој бил застрелан. Тој починал на местото на настанот”, се вели во соопштението.

Премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн изјави дека нападот во супермаркетот во Оукленд е терористички напад. Ардерн рече дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка кој бил поврзан со ИД и бил под надзор.

Радио Нов Зеланд објави дека најмалку четири лица се повредени, но тамошните власти се уште не ја потврдиле бројката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.