По бомбашкиот напад врз туристички автобус кај пирамидите од Гиза, египетските безбедносни сили убија 40 лица за кои се вели дека биле исламистички борци.

Се тврди дека осомничените планирале серија терористички напади.

Дали полициските рации се поврзани со нападот врз туристичкиот автобус во близина на пирамидите од Гиза, засега е нејасно. Во бомбашкиот напад беа убиени четири лица – тројца виетнамски туристи и нивниот туристички водич, кој бил Еѓипќанец. Освен тоа, во нападот се повредени уште 12 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.