Белгиската полиција ги затворила учесниците на протестите на „жолти елеци“ во штали во општината Етербек, каде поминувале по неколку часа без пристап до информации за ситуацијата – јавија белгиски медиуми.

– Сите сме овде на исто место, како стока. Не добиваме никакви информации – изјави еден од демонстрантите, коj сe наоѓа во притвор.

Јавното обвинителство во Брисел соопшти дека полицијата во текот на неодобрените протести во главниот град на Белгија во саботата уапсила 400 луѓе.
Протестите во Белгија се инспирирани од демонстрациите на движењето на „жолтите елеци“ во Франција, кои започнаа на 17 ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.