Припадници на тајландската полиција и војска заедно влегле во трговскиот центар во Тајланд во кој војник држеше заложници.

Според последните податоци, во пукањето се убиени најмалку 20 лица, а поголем број се ранети.

Портпаролот на тајландското министерство за одбрана изјавил дека припадници на безбедносните сили извршиле упад во шопинг центарот за да овозможат евакуација на луѓето кои се нашле во него за време на нападот.

Полицајците и војниците во заедничка акција помогнаа да се евакуираат повеќе од 100 луѓе од шопинг центарот, но не знаеме точно колку останеле во објектот, рекол порпаролот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.