Француското Министерство за внатрешни работи ги предупреди жителите на градот Стразбур да останат во затворен простор откако полицијата соопшти дека дошло до инцидент со пукање.

Во Стразбур се случи сериозен инцидент по јавната безбедност”, објави Министерството на Твитер. „Од жителите се бара да останат во своите домови. Повеќе информации следат, почитувајте ги инструкциите од властите, порача француското МВР.

Центарот на Стразбур е целосно блокиран од полиција, откако засега непознат маж отвори оган на божиќен пазар, при што најмалку едно лице е убиено, а три се повредени. Според локалните медиуми, во инцидентот има најмалку пет жртви.

Градоначалникот на Стразбур Ролан Рис изјави дека во тек е „сериозен инцидент“, дополнувајќи дека „мислите му се со жртвите“.

„Франс инфо“ објави дека лидето отворило оган кон насобраните луѓе од автоматско оружје во секторот Гранд Руе.

Пукотницата предизвика паника меѓу присутните, а тешко вооружена полиција дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.

Локалните медиуми известуваат дека биле испукани десетина куршуми, но и дека напаѓачот сè уште е на слобода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.